Македонија
16. October 2017 - 8:16

Денеска се празнува светоцот кој почина со маченичка смрт

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 октомври.

Денеска е Св. свештеномаченик Дионисиј Ареопагит.

Свети Дионисиј Ареопагит е родум од Атина и се спомнува во Делата Апостолски како еден од малкумината што поверуваа на проповедта на апостол Павле во Атина. За него е познато дека бил философ, а истовремено и член на највисокиот атински суд, Ареопагот, од каде и му остана името Ареопагит. Тој е и првиот атински епископ. Подоцна отишол во Галија и обратил многу од тамошните незнабошци во Христовата вера. Таму и загинал маченички, во прогонствата за време на Дометијан, кон крајот на првиот век по Христа. Со неговото име долго време се врзуваше значајниот пишан паметник Корпус Ареопагитикум, за кој денес со сигурност е утврдено дека потекнува од подоцнежно време.