Македонија
8. May 2018 - 12:03

Денеска се празнува свети Марко, авторот на најстарото Евангелие: Зошто го добил симболот крилест лав?

Свети Марко е слава на многу семејства. Се одбележува на два дена после Ѓурѓовден.  Христијанската традиција на секој евангелист му доделила по еден симбол. Така крај Свети Марко секогаш се прикажува и крилест лав.

Постојат различни толкувања поради кои тој го добил овој симбол. Според некои, тоа е затоа што неговото Евангелие го истакнува кралското достоинство на Исус, „Лавот од династијата Јудини“.

Други пак велат дека лавот е симбол на Евагнелието на Марко бидејќи тоа Евангелие најдетално го опишува воскреснувањето на Исус и со голем занес го прогласува Христовото кралско достоинство.

Според некои, симболите на евангелистите настанале врз основа на гледањето на пророците Езекија Изаиј и Апокалипсата. Според тоа толкување Свети марко има симбол на крилест лав бидејќи своето Евангелие го почнува со Јован Крстител кој е „гласот што вика во пустината“.

На некои места Свети Марко се прославува под името Марко Градобиец и на тој ден ништо не смеело да се работи. Се верувало дека ако не се почитува овој обичај, градот ќе го уништо целиот род.

Денешниот ден го нарекувале и Мистровден, особено го празнувале ковачите верувајќи дека глувците ќе им ги изеделе ковачките мевови доколку работат на тој ден.