Денеска се одржува првата седница на новоизбраното Народно собрание на Бугарија
Денеска во 9 часот по локално време започнува со работа 47. Народно собрание на Бугарија, што е трет парламент за кој гласаа бугарските гласачи во 2021 година.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, првата седница на новоизбраниот парламент ќе ја отвори најстариот пратеник, а ќе биде Силви Стефанов од партијата на Слави Трифонов – „Има таквов народ“. На првата седница се очекува да се обрати претседателот на Бугарија Румен Радев, по што ќе биде избран претседавач со 47. Народно собрание.
Присутни ќе бидат и потпретседателката Илијана Јотова, привремениот премиер на Бугарија Стефан Јанев, како и министрите на преодната влада на земјата, странски дипломати и лидери од различни религии.
Третите парламентарни и вторите предвремени парламентарни избори во Бугарија се одржаа на 14 ноември. Победник беше партијата на двајцата поранешни министри од преодната влада Кирил Петков и Асен Василев „Продолжуваме со промените“, која освои 25,67 отсто од гласовите и ќе има 67 пратенички места во новиот бугарски парламент.
Партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов ГЕРБ и нивниот коалициски партнер УДФ по вторпат се втори и ќе имаат 59 пратеници. Трета политичка сила е Движењето за права и слободи има 34 пратеници. БСП е четврта партија со 10,1 отсто и ќе има 26 пратеници „Има таков народ“ на Слави Трифонов кој победи на претходните избори на 11 јули сега е петти и ќе имаат 25 пратеници. Следат „Демократска Бугарија“ – 16 пратеници и „Преродба“ со 13 пратеници. Бугарскиот претседател Румен Радев, кој беше реизбран на претседателските избори на 21 ноември, се очекува наскоро да и предаде мандат за состав на влада на „Продолжуваме со промената“
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација