Денеска се навршуваат 16 години од атентатот на Зоран Ѓингиќ: Убиен е пред седиштето на Владата на Србија
Денеска се одбележуваат 16 години од убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, убиство чија политичка позадина досега не е откриена
Ѓинѓиќ беше убиен на 12 март 2003 година во дворот на Владата на Србија, а за неговото убиство на 40 години затвор е осуден офицерот на Единицата за специјални операции во ресорот за државна безбедност Звездан Јовановиќ. На иста казна за организирање на убиството е осуден и командантот на Единицата, Милорад Улемек Легија.
Ѓинѓиќ беше првиот премиер на Србија по падот на режимот на Слободан Милошевиќ во 2000 година, кога на власт дојде Демократската опозиција на Србија, а за време на неговиот мандат започна процес за демократизација на општеството и коренити економски и социјални реформи.
Владата на Ѓинѓиќ се залагаше за соработка со Хашкиот трибунал за воени злосторства и за време на таа влада беа уапсени и на судот му беа испорачани неколкумина обвинети, меѓу кои и бившиот претседател на СРЈ Слободан Милошевиќ.
Ѓинѓиќ беше еден од основачите на Демократската партија и до убиството беше нејзин претседател.
Тој беше и првиот некомунистички градоначалник на Белград по 1945 година.
Во продолжение погледнете го последното интервју на Зоран Ѓинѓиќ.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација