Денеска резултати од екстерното тестирање на матурантите
Во средните училишта денеска ќе бидат објавени резултатите од екстерното тестирање на учениците од завршните години.
Државниот испитен центар денеска соопшти дека приговор на резултатите ќе може да се достави во училиштата каде на учениците ќе им биде овозможен и увид во тестот, а конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна до 13 февруари.
За учениците кои биле оправдано отсутни, ќе биде организирано дополнително тестирање кое ќе се спроведе на 27 февруари и 2 март.
Државниот испитен центар истакнува дека јануарската сесија од екстерната проверка на постигањата на учениците од завршните години на средното образование поминала во најдобар ред и генерално без проблеми.
- Со тестирањето беа опфатени 19.178 ученици кои беа тестирани по два предмети во два дена. Од страна на училиштата пријавени се само 4 прашања со технички проблем од вкупно 103.300 прашања од објавената база (две прашања со нецелосен превод, едно дупло прашање и едно прашање со два исти дистрактори). Овие прашања се поништени и избришани од базата со што учениците нема да бидат оштетени, наведува Државниот испитен центар.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација