Македонија
30. August 2017 - 8:12

Денеска променливо облачно, еве каде ќе заврне

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне во јужните делови со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне и до крајот на денот облачноста ќе се намали и ќе има сончеви периоди.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 23 до 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде малку до умерено облачно со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

Од четврток до почетокот на викендот ќе преовладува сончево време, а температурите ќе бидат во пораст, но преку денот нема да биде особено топло. Наутро најсвежо ќе биде во четврток и во петок.