Македонија
24. April 2020 - 19:42

Денеска продолжи судењето за случајот “Рекет”

Судска разврска за случајот Рекет се очекува во мај. Судијката за следниот месец закажа 3 рочишта, првото на 5ти мај. Тоа значи дека обвинетите Катица Jанева и Бојан Јовановски имаат две недели да ја подготват својата одбрана и да дадат завршни зборови. Дполнителните докази до судот треба да ги достават најдоцна до вторник.

На денешното рочиште дополнителни докази презентираше обвинителството.

„Денеска ќе биде дополнување на доказната постапка, како од страна на обвинителството, така и од страна на одбраната. Очекувам денеска да завршиме со дополнителната постапка и следните рочишта кои ќе бидат закажани обвинетите да ја даваат својата одбрана“, рече обвинителката   Русковска.

Вештачењето на телефоните и компјутерите на поранешната шефица на СЈО, сепак нема да бидал дел од доказите на обвинителството, кое побара повлекување и на доказите за Зоран Милевски – Кичеец, но за овој предлог не се согласува првообвинетиот Јовановски.

Јовановски и Јанева се обвинети за изнуда од 1,5 милион евра од бизнисменот Орце Камчев. Тој е осомничен во истрагата „Империја“ која ја отвори СЈО, а целта на зделката била да му овозможи олеснувања во кривичната постапка.