Македонија
10. September 2017 - 8:30

Денеска претежно сончево и потопло

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и топло, а на повеќе места дневните температури ќе бидат над просечни за овој период. Утринската температура ќе се движи од 9 до 15, а дневната од 25 до 33 степени, додека УВ-вредноста ќе изнесува 7.

Во Скопје времето ќе биде слично, претежно сончево и топло, со утринска температура  до 11, а највисока дневна до 33 степени.

Според најавите од УХМР, утревечер и во вторник претпладне, под влијание на нов влажен бран повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во западните делови од земјава, а ќе дува и засилен јужен ветер. Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно и малку посвежо.