Денеска пресуда за мајката и таткото на детето кое уби девет ученици и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград
– Суд во Белград денеска се очекува да ја соопшти пресудата против Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на детето кое на 3 мај 2023 година со пиштол усмрти девет ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, и рани уште пет ученици и наставничка.
Судот ќе донесе првостепена пресуда на која одбраната и обвинителството ќе имаат право на жалба до Апелациски суд.
Судскиот процес од самиот почеток е затворен за јавноста, но пресудата ќе биде јавно објавена.
Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, побара судот да изрече максимална затворска казна.
Тој во завршниот збор му предложи на судот Владимир Кецмановиќ да биде осуден на затворска казна од 14 години и 11 месеци за кривични дела – тешко дело против општата безбедност и запуштање и злоставување малолетно лице.
Тој предложи и единствена затворска казна од пет години и пет месеци за Миљана Кецмановиќ за сторени кривични дела – недозволено производство, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи и запуштање и злоставување малолетно лице.
Предложена е максимална казна затвор од три години за инструкторот за стрелање Немања Маринковиќ за кривично дело давање лажен исказ.
Стефановиќ смета дека за брачниот пар Кецмановиќ нема олеснителни околности, туку само отежнувачки бидејќи не изразиле ниту каење ниту емпатија за жртвите.
Ново на Сител
-
Вардар, Шкендија, Струга и Брера се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија
-
55-годишен маж паднал од објект во изградба и подоцна починал
-
Кривична за две лица од Кичево за „бесправно градење“ и „симнување и оштетување на службен печат или знак“
-
ЈП „Водовод“ Куманово пријави вработена за проневера на пари
-
Мачките благотворни за човековото здравје
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
ДКСК: 86 казни за актуелни и поранешни министри, пратеници и именувани лица
-
Филипче: Владата да каже за што се потрошени парите од унгарскиот кредит