Македонија
3. јуни 2017 - 12:51

Денеска православните христијани ја одбележуваат задушница, а во недела Духовден

Денеска православните христијани ја одбележуваат задушница, а во недела Духовден. Празникот задушница се одбележува во чест на душите на мртвите…

На задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гробови и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитвите за покојните роднини и пријатели.

На овој ден се посетуваат гробиштата, каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.