Денеска портокалов, утре цел регион во црвен метео аларм - не чека најстудениот ден
Во регионот веќе е прогласена вонредна состојба и портокалов метеоаларм за времето кое ги зафати Србија, Босна, Хрватска, како и Македонија.
Кај нас се најавува променливо облачно со температури значително под просекот за овој период од годината. Особено студено ќе биде во утринските часови кога на некои места ќе се спуштат и до -10 степени. Во западните и крајните северни делови со повремен слаб локален снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, на повисоките места и планините засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус пет степени, а дневната температура од минус шест до еден степен. Во Скопје ќе биде променливо облачно со температури значително под просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен, на повисоките места и планините засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус девет, а дневната температура до минус два степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со кратки сончеви периоди. Во четврток во утринските часови поради разведрувањето температурите ќе бидат многу ниски, на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени.
Во четврток кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од снег, а во петок ќе поминуваат во дожд, но локално ќе има и услови за замрзнат дожд.
Потоа, се очекува температурите да пораснат.
Во Србија за денеска е најавен портокалов метео аларам, а за утре црвен. Во Босна веќе се затвотрени патишта, училишта, во некои села се срушени кровови на куќи.
Во Хрватска има 2 метри снег и војската е вклучена во чистењето.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња