Loading Video...
Спорт плус
8. November 2019 - 15:12

Денеска полуфинални борби на „Златниот гонг“

На 49-тото издание на боксерската манифестација „Златниот гонг“ што се одржува во СЦ „Борис Трајковски”, денеска на програмата се полуфиналните борби. 
 
Тројца од четворицата наши боксери настапуваат денеска, додека Алим Насуфи кој ќе се бори во категоријата до 64 кгр. во рингот ќе се појави утре кога на програмата се финалните борби . 
 
Денеска свој настап имаат: 
56 кг. Оран Шакировски – Ник Вебер (Словенија)
60 кг. Јасин Јама      – Бесфорд Мелаку (Косово) 
75 кг. Арсим Етеми  – Бесарт Пирева (Косово) 
 
Финалните борби на програмата утре (сабота) од 15 часот. 
64 кг Алим Насуфи – Шпетин Бајоку (Косово)