Македонија
27. јуни 2016 - 8:33

Денеска нова цена на бензините во Македонија

Бензините пред две недели поевтинија за половина денар, додека цената на дизелот остана иста.

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе одлуката за малопродажните цени на нафтените деривати која стапи на сила од вторникот, 13. и важи во наредните две седмици.

Според последната одлука донесена на 13 јуни малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намали за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдени со Одлуката од 30.05.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,50 ден/лит. Од друга страна, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намали за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.05.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се променија, односно остануваат на исто ниво како цените утврдени со Одлуката од 30.05.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 ден/лит.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 85 центи во однос на претходно затворање на тргувањето и изнесуваше 50,02 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше за 80 центи повисока цена, од 48,78 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави во понеделникот дека цената на барелот од кошничката нејзина нафта во петокот изнесувала 44,18 долари, што значи дека останала речиси непроменета во однос на претходниот трговски ден.

Во неделата по тридневната пауза поради убиството на британската пратеничка која се залагаше за останување на нејзината земја во ЕУ, продолжи кампањата пред референдумот по ова прашање на 23-ти јуни. Вложувачите беа охрабрени од трите анкети, кои покажаа зајакната поддршка за опцијата на членството, иако се заема дека двата табора се многу изедначени, по минатонеделното водство на опцијата за излегување.

И претходните денови анкетите беа во фокусот на вложувачите, при што водството на поборниците за напуштање на ЕУ ја зајакнаа побарувачката по вредности кои се сметаат за сигурно вложување, ако што се златото, американскиот долар, германските државни обврзници и швајцарскиот франк, додека водството на поборниците на членството ги поткрепува цените на поризичните вложувања, како што е нафтата.

„Имајќи предвид дека нафтата се смета за поризична сопственост, цените се движат согласно наклонетоста, односно ненаклонетоста на вложувачите кон ризик на други пазари, во зависност од резултатите од анкетите“, коментира Хари Тцилигуараин од „BNP Paribas“.

Дополнителна поддршка на цените на нафтата во понеделникот им даде послабиот долар. Така фунтата скокна за 1,6 отсто, на 1,4589 долари.

„Можното излегување на Британија од ЕУ и натаму де главната тема на финансиските вести, а цените на нафтата можеби ја црпат поддршката од американскиот долар, барем додека не го симнеме од дневен ред референдумот“, додава Мајкл МекКарти од сиднејски „CMC Markets“, предвидувајќи нервозно тргување ова лето.

Наредната корекција е закажана за денеска и ќе биде објавена околу пладне.