Денеска никако не започнувајте нова работа, може да ве бие малер цела година
Првата недела во септември спаѓа во варовни денови. Станува збор за стар обичај на почитување на денот во неделата во кој паѓа големиот празник Отсекување на главата на Св. Јован (кој се слави на 11 септември)
На денешен ден посебно се почитуваат народните лекари, берачи на лековити билки и лица кои се занимаваат со баење зошто се верува дека имаат големи моќи во варовните денови.
Исто тка денеска не треба да се почнува никаква работа, зошто народот вели се што е заполната во варновни денови нема да биде среќно. Исто така народот верува дека така може да се навлече несреќа,малер па ниту една работа во текот на годината да не им појде од рака.
Оваа варовна недела спаѓа во времето на Меѓудневицата, период меѓу Големата и Малата Богородица. Ако верувате во овие обичаи, денеска е вистинско време да отидете во шума и да наберете повеќе билки, а вашиот дом не треба да остане без ајдучка трева, цветови од липа, дрен, шипка, оскоруши и мали зелени лубеници.
Се смета дека овие билки ќе донесат среќа во секое семејство, а тие и се народни лекови за лекување на многу болести.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово