Македонија
25. јуни 2016 - 8:28

Денеска не излегувајте од дома без потреба - Од утре пад на температурите

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност и слаб ветер претежно од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 31 до 38 степени.  УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност и слаб ветер претежно од североисточен правец.

Температурата ќе се движи од 20 до 37 степени. 

Од недела до вторник во попладневните часови ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе опаднат за околу 5 степени.