Живот
20. October 2018 - 20:37

Денеска на мени е баба: Ученичка користела тајна состојка за колачите со кои ги служела другарите

Една ученичка од САД ја шокираше земјката кога се дозна дека своите врсници и школски колеги ги хранела со пепелта на покојната баба.

Властите неодамна отворија истрага во едно средно училиште во Калифорнија, но се се разоткри кога лутите родители на еден од учениците ги повикаа медиумите, откако не биле известени за тоа што се случило.

Ученичката пепелта од кремираната баба ја користела како состојка во колачите кои се делени во училиште, а ги изеле десетина ученици.

„Бев згрозена и потресена што не бев ниту известена за тоа“, раскажа анонимно една мајка за локалните медиуми.