Македонија
11. July 2017 - 8:08

Денеска многу топло, температура до 41 степен

Времето во Македнија ќе биде сончево и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Во попладневните часови локално ќе има слаб развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен локален дожд и со ретки грмежи.  

Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а дневната од 34 до 41 степен.

УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево и потопло. Во попладневните часови можен е краткотраен дожд со ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 38 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време. Дневната температура до среда ќе биде во благ пораст.

Осетна промена на временската состојба и нестабилна облачност со пороен дожд со грмежи и со засилен ветер се очекува в среда кон крајот на денот према четврток кога ветерот ќе го промени правецот во северен, а со тоа ќе има и намалување на дневната температура за околу 5 до 7 степени. Намалување на температурата ќе продолжи и за време на викендот кога ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.