Денеска ја славиме маченичката Пелагија - овие обичаи треба да се испочитуваат
Свети Пелагија потекнуваше од градот Тарс, од видни и богати незна-божечки родители. Како млада слушна за Христос, па поверува во него. Во тоа време Диоклецијан вршеше безмилосен прогон на христијаните. Ко¬га поминуваше низ Тарс, се случи син му да се вљуби во младата Пелагија и сакаше да ја земе за жена. Не сакајќи да се согласи на тоа, Пелагија беше принудена да побегне. Во бегство се сретна со еден епископ по име Клинон, кој ја поучи во верата и ја крсти. После тоа Пелагија се врати дома. А кога царскиот син дозна за нејзиното крштевање и откако ја загуби секоја надеж да ја земе за жена, се прободе со меч. Тогаш, мајка и на Пелагија самата ја предаде на суд пред царот. Света Пелагија беше осудена како христијанка и фрлена во внатрешноста на вжештен метален вол. Пострада во 287 година. Во осмиот век на тоа место беше подигната црква во спомен на оваа светителка.
Поттикнати од нејзината приказна луѓето создале обичаи кои треба да се практикуваат на овој ден. Денеска не се палат свеќи, ниту поголеми огнови. Во спротивно се верува дека на себхе ќе го навлечете злото на Пелагија и ќе останете без род и пород, но и без љубов. Жените кои се обидуваат да забременат денеска треба да земат гранче рузмарин и да го стават под јастук, така ќе ги привлечат добрите духови да им помогнат.
Ново на Сител
-
Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите