Бизнис
15. March 2018 - 20:14

Денеска истекува рокот за поднесување годишна даночна пријава

Пред истекот на рокот близу 40 илјади граѓани не поднеле годишна даночна пријава. Од управата уште една апелираа до оние  кои лани имале дополнителни приходи да ја исполнат законскта обврска во спротивно ќе се соочат со казна - глоба од 100 до 200 евра. За да можат да ги примат  сите пријави шалтерите на управата и оние во општините ќе работата со продолжено работно време.

Освен во УЈП пријавите можат да се  поднесат и електронски и по пошта. Обврската ја имаат оние кои освен плата и пензија оствариле приходи по основ на кирии, авторски договори,  дивиденди , капитални добивки од продажба на удел, недвижен имот и од игри на среќа.

Заклучно со вчерашниот ден УЈП примало над 393 000 даночни пријави. Најголем дел се поднесени на шатлетите во Скопје близу 150 илјади.

Ова е последна година како граѓаните до УЈП поднесуваат годишна даночна пријава. Од следната за дополнителните приходи направени годинава, УЈП  ќе ги пополнува пријави, а граѓаните ќе треба само да ги потврдат.