Џет-Сет
13. May 2017 - 13:34

Денеска имаат милиони, а пред тоа спиеле на клупи и во автомобили

Некои славни личности поминувале низ тешки времиња пред да ја најдат својата среќа во Холивуд и станат успешни, па така на своите почетоци биле и без кров над главата.

Џенифер Лопез

Кога наполнила 18 години Џенифер сакала да биде танчерка, но нејзината мајка Гуадалупе не ја одобрувала оваа нејзина желба, затоа што сметала дека поважно е да заврши факултет. По жестока караница, Џенифер го напуштила својот дом, а бидејќи не можела да си дозволи стан, неколку месеци спиела на кауч во танчерското студио.

Ед Ширан

Во книгата „Ed Sheeran: A Visual Journey“, која ја објави во 2014 година, пејачот откри тажна вистина за своето минато. Пред да стане попуарен, често спиел во воз, на клупи во пред Бакингемската палата или во дневните соби на своите пријатели и познаници.

Џим Кери

Откако неговиот татко останал без работа, Џим почнал заедно со семејството да живее во комбе. Некои ноќи ги поминале во шатор пред куќата на постарата сестра на Џим, но главно спиеле во возило. Познатиот актер често напоменува дека баш поради тој тежок период го развил смисолот за хумор.

Хали Бери

Кога од родниот Кливленд дошла во Њујорк со сон да стане позната актерка, нејзината мајка Џудит Ан одлучила дека нема повеќе финансиски да и помага. Во тие тешки времиња, Хали спиела во прифатилишта за бездомници.

-Тоа искуство ме научи да се грижам за себе. Научив дека можам да преживеам секаква ситуација во животот. Станав личност која знае дека ќе исполни се што зацртала, вели оскаровката за магазинот „People“.

Лил Ким

Бидејќи таткото на раперката бил насилен, таа и мајка и морале да побегнат од домот кога Лил Ким имала само 8 години. Во потполна безпарица, спиеле на задното седиште од автомобилот на мајка неколку месеци пред повторно да застанат на нозе.

Курт Кобеин

Прерано починатиот фронтмен на култниот бенд Нирвана некое време бил толку сиромашен па морал да спие под мостови и во чекалните на локалните болници.

Хилари Свенк

Хилари живеела во камп приколка, се додека како 15 годишна не отишла во Лос Анџелес со мајка и да се проба во актерството. На аудициите се јавувала телефонирајќи од говорници се додека не добила некои помали улоги.

Шанија Твеин

Родителите на пејачката имале бурна врска која само се расипала кога станале посиромашни. Нејзината мајка во 1979 година ги земала четирите деца и заминала со нив во Торонто, во прифатилиште за бездомници. Шанија тогаш имала 14 години.


 Крис Прет

Пред во ресторан да го открие актерката Рае Даун Чонг, па да го одведе во Лос Анџелес, Прет како 19 годишно момче живеел во комбе на Хаваите. Таму се отселил затоа што пријател му понудил хонорарна работа.

-По цели денови пиевме и пушевме треба и работа, таман за да ги покриеме трошоците за бензин, храна и основни потреби. Беше шармантно, раскажува Прет.