Македонија
28. February 2019 - 10:02

Денеска и утре без струја тунелите кај Демир Капија

Денеска и утре ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Градско-Неготино за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, информира АМСМ.
 
Денеска од 9.30 до 10 часот ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија во тунелите кај Демир Капија на автопатот, поради изведување на електричарски работи од ЕВН.
 
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
 
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.