Македонија
28. October 2017 - 14:04

Денеска гласаат 58 болни и изнемоштени во Долнени

Без проблеми и непречено денеска во општина Долнени се одвива гласањето на болните и изнемоштени лица, информираат од општинската изборна комисија. Според претседателот на комисијата Зоран Здравески, своето право на глас го остваруваат 58 болни и изнемоштени, што е повеќе од пријавените во првиот круг.
 
- Избирачките одбори го подигнааа гласачкиот материјал и денеска непречено се одвива гласањето на болните и изнемоштени лица. Денеска гласаат 58 болни и изнемоштени што е за 32-ца повеќе од првиот круг. Сите уредно и навремено доставија документација за гласањето, изјави Здравески.
 
Во селото Дебреште има три избирачки одбори и денеска гласаа 19 болни и изнемоштени лица. 
 
Утре од 7 до 19 часот ќе бидат отворени 40 те избирачки места во општина Долнени и своето право на глас може да го остварат 11.520 избирачи.