Џет-Сет
7. May 2018 - 19:39

Денеска е вистинска убавица- Погледнете како изгледала Маријана како тинејџерка

Нашата позната ТВ водителка Маријана Станојковска важи за една од најубавите девојки во Македонија.

Секогаш зрачи со својата убавина, шарм и се**апил, ги воодушевува припадниците од посилниот пол, а многу припаднички од понежниот пол би сакале да го имаат нејзиното тело.

Дека таа отсекогаш изгледа преубаво, сведочи и една фотографија која таа ја сподели на нејзиниот Инстаграм профил. И на фотографијата се гледа нејзиното витко тело, долги нозе, а единствената разлика е бојата на косата.

Кога била малечка таа имала костенлива коса, а денес е препознатлива по својата плава коса. Фотографијата е направена кога таа имала 14 години.