Македонија
5. April 2018 - 19:26

Денеска е Велики четврток - ден на тајната вечера и предавството на Исус Христос

Традиционално на Велики Четврток жените од здружението „Преродба“ од Прилеп ги вапсаа јајцата за големиот христијански празник Велигден. Прво се вапсуваат три јајца, уште пред изгрејсонце, кои домаќинките ги ставаат на црвена подлога, на прозорец за да ги огрее првиот сончев зрак. Прилеп има посебни обичаи кога доаѓаат овие предвелигденски денови.

„Утрото дечињата кога ќе станата јајцата се веќе вапсани и ние со јајцето триејќи го нивното лице им викаме „Здраво, живо, бело дебело“, а потоа вечерта кога ќе се капат го ставаме јајцето во таа вода“, вели Паре Макалоска, член на здружение „Преродба“.

„Посебните адети за Прилеп се тоа што за овој празниик мора да се купи нешто ново за облекување, ако не на нас возрасните, ама за дечињата мора да иима нова облека“, истакна Митра Петкоска, член на здружение „Преродба“.

Членките на здружениеито преродба велат дека целта на овие празнувања била пред се зачувување на традицијата.

„Сакаме да се зачува традицијата, но колку од тоа ќе успееме, останува на младите“, Лилјана Ѓорѓиеска, претседател на здружение „Преродба“.

Според православната црква на Велики Четврток, за време на Тајната вечера Христос ја воспоставува Светата евхаристија, односно причествувањето, исто така на Велики Четврток тој е предаден од страна на Јуда.

Од МПЦ во велигденското послание упатијата порака дека за жал иако поминале над 2.000 години откако Христос го проповедал Евангелието и љубовта нашата црква од неразбирливии причини сеуште не е призната.

„Бараме да не признаат дека сме тоа што сме биле, чеда на своја вековна црква, во која исповедаме и живееме според верата на апостолите“, изјави протоереј ставрофор Благоја Станкоски, архиерејскиот намесник.

Утре е пак е Велики Петок кога верниците ги посетуваат црквите за да се поклонат на Плаштеницата на која е насликано положеното тело на Христос.