Македонија
17. October 2017 - 17:01

Денеска е Светски ден на сиромаштија, во Македонија 21% од населението живее со помалку од 110 евра месечно

Секој петти човек во Македонија нема пари за јадење, а само по еден оброк дневно имаат околу 445.000 граѓани во земјава. Едвај преживуваат 9 проценти од лицата кои се вработени. Овие загрижувачки статистички податоци на меѓународниот ден за борба против сиромаштијата ја наметнуваат потребата од итно системско решение за помош и подршка на овие луѓе. И додека се чекаат конкретни мерки од надлежните државни институции на терен најактивни се невладините организации и Црвениот крст.  И денеска преку организаирана акција собираа храна за најранливите. Уверуваат дека прехранбените продукти ќе завршат во рацете на оние на кои најмногу им се потребни.

Од министерството за труд и социјала велат дека си поставиле за цел до 2020 година процентот на сиромаштија од 21,5 да се намали на 16 проценти. Ова ќе го реализирале со низа мерки наредниот период меѓу кои кратење на непродуктивните трошоци и вработување на сиромашните луѓе.