Македонија
5. October 2019 - 8:16

Денеска е Свети пророк Јона

Овој пророк живееше околу 800 години пред Христа и еден е од еврејските пророци. Посебно е важен зашто има една епизода од неговиот живот која е праслика на Христовото воскресение. Таа епизода Црквата постојано ја воспева во своите служби, особено во воскресните денови. Се работи за Јониниот тридневен престој во утробата на еден кит и неговото избавување од утробата на китот, исто како што Христос три дена престојуваше во утробата на земјата и стана од мртвите, бидејќи земјата не можеше да го запре врутокот на божествениот живот. За него може поопширно да се прочита во Книгата на пророк Јона, во Стариот завет.