-->
-->
Денеска е Свети маченик Талалеј
-->
Овој Талалеј се роди во Либан. Живееше и пострада за Христос во третиот век, кога имаше само осумнаесет години. Неговиот животописец го опишува како стројно момче со бујна црвена коса. По професија бил лекар. Како христијанин бил изведен пред суд и откако смело ја исповедил верата го ставиле на различни и ужасни маки, нешто што не им беше туѓо на тогашните затворски иследници. Го фрлија и во арената меѓу ѕверовите, но овие му ги лижеа стапалата на светиот, па најпосле џелатите мораа да му ја отсечат главата. Така пострада свети маченик Талалеј во 284 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите