Денеска е Свети маченик Калистрат и 49-те негови другари
Овој Калистрат беше од старата Картагина, што се наоѓала на африканскиот брег во денешен Тунис. Роден е во христијанско семејство и воспитан во Христовиот дух. Додека служел војска, некој од војниците го видел како станува нозе и се моли на Бога, па го поткажал кај заповедникот како христијанин. Овој го затворил, а потоа, откако го изнамачил го фрлил в море. Но, Бог го заштитил и Калистрат излегол од водата неповреден. Гледајќи го неговото трпение при поднесувањето на маките, 49 негови другари ја примиле верата во Христа, заради што биле затворени со Калистрат. Ноќе, во време кога се вршат срамните дела, заповедникот пратил луѓе и ги погубил. Тоа се случило во 304 година. Подоцна, на тоа место, осветено од нивните мошти, била изградена црква.
Ново на Сител
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива