-->
-->
Денеска е Свети маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Афтониј, Елпифидор
-->
Сите овие пострадаа во Персија, за време на гонењето од страна на богоборниот цар Сапор, во четвртиот век. Прво Сапор дозна дека Акиндин, Пигасиј и Анемподист, кои беа слуги на неговиот двор, се христијани и ги стави на маки. Додека ги мачеше, се пројави Божјата сила врз овие тројца, зашто во сите измачувања остануваа неповредени. Чудото го потресе Афтониј, еден од xелатите, па поверува во Христа, за што беше погубен. Еден дворски великодостојник Елпифидор, инаку таен христијанин, го прекори царот што измачува невини луѓе, па и тој беше погубен, заедно со уште 7000 други христијани. Најпосле, џелатите ги убија и светите Акиндин, Пигасиј и Анемподист и уште некои војници, а и мајката на царот, зашто и тие веруваа во воскреснатиот Христос.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања