Македонија
18. October 2020 - 8:55

Денеска е Свети маченица Харитина

Во детството остана сираче. Ја посвои некој угледен човек и христијанин Клаудиј и ја воспита како своја ќерка. Харитина растеше зацврстувајќи се во Христовиот дух и избра да живее девствен живот. За време на прогоните на Диоклецијан во третиот век, некојси царски намесник Дометијан ја доведе на суд како христијанка. Откако го исповеда Христа пред судот и ги посрами идолопоклониците, беше ставена на маки. Најпосле судијата прати некои развратни момчиња да ја осквернат. Харитина се помоли на Бога да ја сочува нејзината девственост и кога момчињата дојдоа до неа видоа дека таа веќе го беше предала својот дух.