Живот
26. May 2018 - 18:37

Денеска е Света Гликерија: Не јадете ја оваа намирница за да не привлечете болест

Света Гликерија живееше и пострада за Христа во вториот век. Беше ќерка на некој римски гувернер. Татко и умре уште додека Гликерија беше млада. По ова таа се пресели во Тракија, во градот Трајанопол. Тука света Гликерија беше изведена да принесе жртва пред идолите на градот, но по нејзина молитва Господ го урна идолот со гром. Потоа ја фрлија во затвор и долго време не и даваа никаква храна. Но, Господ и тука се грижеше за неа праќајќи и ангел да ја храни. Кога по подолго време ја отворија ќелијата, стражарите се зачудија што девојката е се уште жива. Еден од нив, по име Лаодикиј, откако го виде тоа поверува во Христа и веднаш беше погубен. А света Гликерија најпосле ја фрлија на лавовите, каде го предаде својот дух на Бога.

Според народните верувања, на овој ден не се подготвува ниту пак се јаде месо, бидејќи се верува дека така се спречувале болестите. Денеска исто така се одбегнува палење на свеќи и оган.