Македонија
1. јуни 2018 - 8:31

Денеска е свештеномаченик Патрикиј

Свети Патрикиј беше епископ на Бруса. Тој заедно со тројца презвитери -Акакиј, Менандар и Полиен, пострада за христијанската вера за време на владеењето на римскиот цар Јулијан Отстапник, кој имаше намера да го поврати лажниот сјај на паганските култови. Сите овие беа доведени пред врела вода и царскиот намесник од нив бараше јавно да се откажат од Христа. Но, откако цврсто ја исповедаа верата во едниот Бог, на сите им беа отсечени главите.