Македонија
4. March 2021 - 8:19

Денеска е Св.апостоли Архип, Филимон и Апфиј

Филимон се спомнува во Новиот завет: има едно послание од апостол Павле упатено до него. Живеел во градот Колоси, Мала Азија. Секој Господов ден во неговиот дом се собирале сите христијани од Колоси да ја прослават тајната на Благодарењето. Во своето служење на Црквата средечно му помагала и неговата жена Апфија.

Во една пригода, двајцата биле затворени заедно со епископот на Колоси, Архип, како христијани, а потоа осудени од ефескиот регионален управник на маки и на смрт.