Македонија
24. July 2016 - 8:48

Денеска е Св. великомаченица Ефимија

Света Ефимија се слави во месец февруари, а на денешен ден црквата се сеќава на нејзината помош на отците од Четвртиот вселенски собор од 451 госина, кој се одржа во градот Халкидон. Имено, кога разумните уверувања не успеаа да ги разуверат еретиците монофизити, беше договорено да се запишат двете исповедања православното и монофизитското и да се стават во ковчегот со моштите на света Ефимија. До ковчегот беше поставена царска стража, за да се оневозможи секоја измама. После три дена поминати во пост и молитва, отците го отворија ковчегот и го најдоа православното исповедање во раката на света Ефимија, а монофизитското под нејзините нозе.