Македонија
16. January 2021 - 8:34

Денеска е Св. пророк Малахиј и св. маченик Гордиј

Свети пророк Малахиј е еден од 12-те мали пророци. Неговата книга е последна од книгите на Стариот завет. Пророкувал по враќањето на Евреите од вавилонското ропство, при крајот на петтиот век пред Христа.

Денес се слави и споменот на свети маченик Гордиј. При крајот на гонењата на христијаните, во 314 година, некои христијани од Кападокиска Кесарија се скриле во пустината.

Меѓу нив бил и Гордиј. До нив постојано доаѓале гласови за маките на христијаните во Кесарија, па еден ден Гордиј излегол од пустината и се вратил во градот, каде јавно исповедал дека е христијанин.

Заради тоа бил погубен. Неговото мачеништво се случило во 314 година.