Македонија
19. May 2017 - 8:37

Денеска е Св. праведен Јов

Свети Јов живееше околу 2000 години пред Христа, во Арабија. Во Би-блијата постои една цела книга, Книга на Јов, која зборува за животот на овој чудесен пример на трпение и тврда вера во Бога меѓу луѓето. Неговите страдања се сметаат за праслика на Христовите страдања. Јов бил чесен и побожен човек, освен тоа и многу богат. Но, се случило така што во својата старост тој во еден ден го загубил целото свое семејство и сиот свој имот. И не само тоа, туку го нападнала и тешка болест. Наоѓајќи се среде сите тие страдања Јов сепак ни во еден миг не похули на Бога. Затоа Бог му го врати здравјето и му даде поголемо богатство од претходното, а му се родија и други синови и ќерки. Свети Јов проживеа долг живот, постојано славејќи го и благодарејќи му на Бога за се и се упокои во длабока старост.