Македонија
18. August 2019 - 8:27

Денеска е Св. маченик Евсигниј

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 август.

Денеска е Св. маченик Евсигниј.

Овој светител скоро целиот свој живот го помина како војник. Војуваше за време на царевите Максимијан, Константин, а потоа и за време на неговите синови. Откако помина 60 години во војничка служба, се повлече во својот роден град Антиохија. Таму го продолжи својот благочестив живот со сета своја сила. Пострада маченички за време на императорот Јулијан Отстапник, како христијанин.