Македонија
25. August 2019 - 10:48

Денеска е Св. маченици Аникита и Фотиј

Свети Аникита беше римски комит, воен великодостојник, во град Никомидија за време на Диоклецијан. Околу 305 година императорот беше дошол во Никомидија и тука нареди општ прогон на христијаните. Свети Аникита не можеше мирно да го гледа страдањето на невините, па застана пред царот и откриено исповеди дека е христијанин. Неговиот пример го следеше и роднината Фотиј. Двајцата беа ставени на маки, а потоа изгорени заедно со многу други христијани.