Македонија
12. August 2017 - 8:49

Денеска е Св. апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник

Сите овие беа од редот на 70-те апостоли. Сила му беше сопатник на апостолот Павле. Подоцна стана епископ на Коринт, каде и го заврши земниот живот во мир. Силуан, пак, беше солунски епископ, Крискент епи¬скоп во Галатија, Епенет во Картагина, а Андроник во Панонија.