Македонија
5. November 2016 - 8:13

Денеска е Св. апостол Јаков Брат Господов

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 октомври.

Денеска е Св. апостол Јаков Брат Господов.

Овој Јаков се нарекува Брат Господов затоа што е син на Јосиф, свршеникот на Дева Марија т.е Богородица од неговиот претходен брак. Тој е еден од 70-те апостоли. Се нарекува Брат Господов уште и заради неговата посебна приврзаност кон Господ Исус Христос. По воскресението, Христос нему му се јавил, како што сведочи апостол Павле. Бил епископ во Ерусалим и ја составил првата Литургија. Евреите го почитувале многу заради неговиот свет живот, па го нарекле Јаков Праведниот. Но, истите Евреи го фрлиле од покривот на храмот, затоа што ја исповедал верата во Христовата божественост. Свети Јаков пострада за Христа во првиот век.