Македонија
3. August 2015 - 8:00

Денеска е Преподобни Симеон и Јован

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 јули.

Денеска е Преподобни Симеон и Јован.

Свети Симеон и Јован беа родум од Едеса. На 30-годишна возраст тргнаа на поклоничко патување во Ерусалим. Меѓу другото, посакаа да го посетат и манастирот на преподобен Герасим крај реката Јордан. Одлучија тука да останат и се замонашија. По некое време заедно се повлекоа на пусто место надвор од манастирот за таму да го продолжат подвигот. Поминаа неколку години и Бог го повика Симеон да се исмева со светот, т.е. го повика на подвигот на лудоста заради Христа. Тој го напушти својот со¬подвижник Јован кој остана тука се до смртта во 392 година и пак дојде во Едеса. Се правеше луд и така ја прикриваше големата благодат што ја носеше во себе, со чија помош гледаше во срцата на другите и имаше зборови што го покренуваа целото битие на човека. Свети Симеон толку се ослободи од гревот во светот, што Бог го издигна жив на небото околу 590 година.