Денеска е Преподобни Симеон и Јован
Свети Симеон и Јован беа родум од Едеса. На 30-годишна возраст тргнаа на поклоничко патување во Ерусалим. Меѓу другото, посакаа да го посетат и манастирот на преподобен Герасим крај реката Јордан. Одлучија тука да останат и се замонашија. По некое време заедно се повлекоа на пусто место надвор од манастирот за таму да го продолжат подвигот. Поминаа неколку години и Бог го повика Симеон да се исмева со светот, т.е. го повика на подвигот на лудоста заради Христа. Тој го напушти својот соподвижник Јован кој остана тука се до смртта во 392 година и пак дојде во Едеса. Се правеше луд и така ја прикриваше големата благодат што ја носеше во себе, со чија помош гледаше во срцата на другите и имаше зборови што го покренуваа целото битие на човека. Свети Симеон толку се ослободи од гревот во светот, што Бог го издигна жив на небото околу 590 година.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота