Македонија
24. January 2016 - 8:24

Денеска е Преподобен Теодосиј Велики

Свети Теодосиј е кападокиец. Роден е во 424 година, проживеал 105 години и се претставил пред Бога во 529 година. Во младоста го засакал монаштвото и отишол во Палестина, каде се запознал со подвижничкиот живот. Се повлекол во една пештера близу Витлеем и во неа се подвизувал 30 години. Така, тој ја достигна блажената состојба на душата, го облагодати телото и се исполни со непрестана радост, а Бог го надари со дар на чудотворство и прозорливост. Потоа основа манастир близу Ерусалим. Инаку, свети Теодосиј Велики се смета за основач на општожителната форма на монашкиот подвиг.