Денеска е Преподобен Евмениј Чудотворец
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 септември.
Денеска е Преподобен Евмениј Чудотворец.
Во седмиот век по Христа, на островот Крит заблеска незазлената Христова светлина во Гортинскиот епископ Евмениј. Овој се беше откажал од богатството, раздавајќи го на сиромашните, уште во својата младост. Потоа стана монах и со молитва и пост ги преобрази душата и телото, издигајќи се до мерата на Богочовечкиот Христос. И како што светилникот не може да се скрие во огромното пространство зашто го издава неговата светлина, така и Евмениј не можеше да се скрие од светот. Народот дозна за него и го избра во Гортина. Како епископ беше татко на сирачиањата, богатство за сиромашните, утеха за ожалостените, лекар за болните и прекрасен чудотворец. Земниот живот го заврши во Тиваида.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња