Денеска е празник: Воздржите од една работа, а еве зошто младите треба да се венчаат на овој ден
Денеска е Св. великомаченик Прокопиј и Преподобен Теофил.
Свети Прокопиј се роди во Ерусалим, роденото име му беше Неаниј. Татко му умре набргу по неговото раѓање, а мајка му го воспита како паганин. Кога порасна стапи во војничка служба кај императорот Диоклецијан. А кога овој почна да ги гони христијаните го испрати Неаниј по таа работа во Александрија. На патот, после еден чудесен настан, тој поверува во Христа. Набргу по неговото пристигнување на Истокот беше затворен поради неговата вера во Христа. Во затворот се крсти и го доби името Прокопиј. Чесно пострада за Христа од раката на римскиот xелатво Кесарија Палестинска во 303 година.
Во врска со денешниот празник, постојат многу верувања и обичаи. Во одредени делови денешениот денешниот ден посебно се празнува поради здравје на децата, додека во некои делови се избегнува работа на поле, карање, пцуење, па дури и погребување.
Постои верување дека овој ден е погоден за свадби, бидејќи Св. Прокопие ги благословува младенците.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца