Денеска е празник: Кога пострада овој маченик, два свети ангели дојдоа кај него
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 јули.
Денеска е Св. маченик Јакинт.
Млад дворјанин на царот Трајан, потаен христијанин. Еднаш додека царот со сите свои дворјани свечено им принесуваше жртви на идолите, Јакинт изостана од оваа скверна свеченост. Затоа беше обвинет и изведен пред царот на суд. Царот го советуваше да се откаже од Христа и да им принесе жртви на идолите. Но Јакинт остана тврд како дијамант, велејќи му на царот: „Јас сум христијанин, Христа Го почитувам, Нему Му се поклонувам и Нему Му се принесувам како жртва жива самиот себеси“. Избиен, исплукан, истружен, овој Свет маченик беше фрлен во затвор. На заповед на царот не му даваа да јаде ништо, освен од идолските жртвоприноси. Но Јакинт тоа не сакаше да го јаде и за осум дена умре. Стражарите во затворот видоа двајца светли ангели: едниот го покриваше телото на маченикот со својата пресветла облека, а другиот полагаше прекрасен венец врз неговата глава. И сиот затвор стана светол и миризлив. Момчето Јакинт пострада чесно во 108 година.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море