-->
-->
Денеска е најдепресивен ден во годината
-->
Луѓето гледаат на јануари на два начина: За оптимистите, тоа е нов почеток, а за оние другите - тоа е месец исполнет со непријатности и тоа најмногу поради денешниот датум - 16 јануари, кој се смета за најдепресивен ден во годината.
Датумот е „одреден“ од страна на психологот Клиф Арнал.
Причините за депресијата се целосно објективни. Досега сите сме си ги прекршиле нашите новогодишни ветувања за промени. Телото ни е изморено од декемвриско-јануарските гозби, а паричниците ни е страв и да ги отвориме.
Освен тоа, утрата се многу мрачни, а сонцето кое и онака излегува подоцна, потоа тешко се пробива низ облаците, поради што имаме недостиг од витамин Д.
Тоа што денеска е понеделник не внесува никаква посебна ведрина и надеж.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023
-
МНР: Состанок на заедничкиот експертски комитет за историски, археолошки и образовни прашања согласно Преспанскиот договор
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“