Македонија
24. August 2018 - 13:24

Денеска е голем празник: Вечерва погледнете кон небото – ако го видите ова ќе ви се исполни една желба

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 август. Денеска е Св. маченик и архиѓакон Лаврентиј. Времето на маченичката смрт на архиѓаконот на Римската црква Лаврентиј е годината 258.

Во овој период христијаните во градот Рим се гонети особено жестоко, посебно епископите. Во текот на жестоките прогони во тоа време беше затворен и Лаврентиј. Во затворот се сретна со некој долгогодишен затвореник Лукилиј, го исцели од слепило и го крсти. А кога управникот на затворот Иполит дозна за ова и самиот поверува во Богот на Лаврентиј.

Лаврентиј и во затворот никако не попушташе во исповедањето на Христа. Дури и императорот го прекори за неговата празна вера во идолите и го уверуваше дека христијанскиот Бог е единствениот жив Бог.

Лаврентиј беше ставен на тешки маки, на кои најпосле им под¬легна. Неговите мошти ги зеде Иполит и ги погреба во една пештера. Три дена подоцна како христијанин беше погубен и управникот на затворот Иполит. За воој ден се верува дека се јавуваат ноќе повеќе ѕвезди и дека тоа се вкусшност неговите солзи. Они кои вечерва ќе видат ѕвезда да паѓа може да го замолат светецот за една желба, а тој ќе им ја исполни.