Денеска е голем празник, се чествува овој светец
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 март.
Денеска е Преподобен Теофан Исповедник.
Теофан се родил во осмиот век. Потекнувал од аристократско византиско семејство, кое било некаков род со имераторот Константин Копроним. Татко му умрел рано, па Теофан бил оставен на грижа на императорот. Не сакајќи да ја жалости мајка му, кога дошло време тој се оженил со една девојка од виден род. За негова среќа, Господ му дал за жена сродна душа, и самата насочена кон Бога. Тие живееле честит живот среде суетата на дворот, а кога им се дала прилика двајцата стапиле во манастир. Свети Теофан набрзо се прочул по својот добродетелен живот и околу него се собирале и други љубители на подвижничкиот живот. Пострадал заради исповедањето на правата вера во времето на царот Лав Ерменец. Бил заточен на островот Самотраки, каде и се упокоил.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација