Македонија
24. јуни 2017 - 11:09

Денеска е голем празник: Никако не го правете ова

Денеска е Св. апостоли Вартоломеј и Варнава.
 
Првиот е еден од 12-те врховни апостоли, а вториот од останатите седумдесет. Вартоломеј проповедаше заедно со апостол Филип во Азија, а потоа и во Индија и Ерменија, каде пострада маченички. Неговите мошти се зачувани, а подоцна пренесени најпрво во Беневет, па во Рим. Свети Варнава, пак, се роди на островот Кипар. Беше Евреин од Левиевиот свештенички род. Прво се викаше Јосиф, но апостолите му го дадоа името Варна¬ва, што значи Син на утехата. Заедно со свети Павле и Марко проповедаше во Антиохија и на други места во Азија, потоа на Кипар. Веројатно е прв проповедник и во Рим и Милано. Животот го заврши маченички на Кипар. Пострада од Евреите.
 
Според народните верувања, денеска не треба да се работи, бидејќи постојат можности за поплава, град и олуја. Денеска не смеете да се качувате на дрва, и не смеете да се капете во река.